• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Сто пакети хуманитарна помош за социјално ранливите жители на општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода преку соработката со бизнис заедницата од овој дел на Скопје и Црвен Крст-Кисела Вода, покренаа нова акција за помош на социјално загрозените лица. Од денес, до крајот на неделава ним ќе им бидат дистрибуирани сто пакети со храна, пијалаци и средства за хигиена.

 

Помошта ја обезбеди Општина Кисела Вода преку соработката со општествено одговорните компании-"Макомаркет", "Душегупчани," "Стокомак", "Везешари", "Рајска градина" со кои и досега многупати им е излегувано во пресрет на жителите од социјално ранливите категории.

 

Воедно, потсетуваме дека во насока на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на корона вирусот КОВИД-19, Општина Кисела Вода заедно со Црвениот Крст-Кисела Вода, обезбеди мобилни тимови кој им помагаат на ранливите категории граѓани за време на полицискиот час.

На овој начин лицата од општината со попреченост или инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести, кои имаат неопходна потреба од некаква помош како набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, можат да се јават на телефонскиот броеви Црвен крст Кисела Вода:  070/379-456 и 02/3211-417, по што бесплатно ќе ја добијат услугата што им е потребна.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa