Насловна
Со дозвола и поддршка од Општина Кисела Вода, здружението Шепасти Ентузијасти-Скопје, на пет локации во Кисела Вода постави хранилки за бездомните кучиња.
Секоја од хранилките собира по пет килограми храна. Се користи ситна (puppy) или medium големина на храна, за покрај кучињата да можат да ја јадат и бездомните мачиња. Истата е обезбедена од страна на Шепасти Ентузијасти.
Потоа, хранилките ќе бидат дополнувани од активисти и граѓани. Локациите на кои се поставени хранилките се следниве:
1. Спроти бензинската Макпетрол (Мечкаров, позади зградите, кај клупите)
2. Од Get Caffe, надолу, на крајот на паркингот, позади Quatro Caffe на плочникот
3. Кај салата Расадник, на површината кај ливадите
4. Кај општината, позади автобуската станица
5. На патеката накај Seavus
Дополнително, во рамки на акцијата, би требало да се постават и на две дополнителни локации, во Драчево и во Пинтија.
Ги замолуваме сите граѓани да се однесуваат хумано и со почит спрема поставените хранилки, како што и секоја нација треба да се однесува спрема урбаната опрема во еден град. Воедно, ги замолуваме сите активисти и општествено одговорни жители на општината да внимаваат на безбедноста на истите, и да реагираат доколку некој не го почитува ова.