Насловна
Општина Кисела Вода продолжува да ги подобрува условите за правилен развој на дечињата.
Во моментов, Општината привршува со работните активности за целосна реконструкција на детското игралиште во населбата Црниче. И во периодот што следува, активностите за безгрижно и среќно детство во Кисела Вода ќе продолжат.
Локалната самоуправа се надева дека наскоро, само со строго почитување на препораките кои ги даваат инфектолозите, вирусот Ковид-19 ќе биде победен и повторно детските игралишта ќе бидат полни со деца.