Насловна
По соопштение од ЈП „Водовод и канализација“, Општина Кисела Вода информира дека утре од 09 до 14 часот прекин на водоснабдувањето ќе има во дел од населбата Припор која се напојува преку резервоарот за прва зона. Прекинот ќе биде поради замена на затворач. Исто така, поради промена на затворач од Ф-80мм на ул.Црниче раскрсница со ул.Востаничка од 09:00 часот па се до санирање на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истите улици.