Насловна
Општина Кисела Вода информира дека од вечер од 23:00 часот, без вода ќе останат корисниците од улиците „Божидар Аџија“, „Димо Хаџидимов“ и „Георги Димитров“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде поради дефект на затворач и противпожарен хидрант со пречник од ф-100мм на крстосницата „Божидар Аџија“ и „Димо Хаџидимов“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до утре, до завршувањето на работните активности.