Насловна
Петнаесет лица со завршено високо образование од профилот дипломиран дефектолог, педагог, психолог, професор ( одделенски, предметен) ќе бидат времено вработени од страна на Општина Кисела Вода преку Програмата „Општинско-корисна работа“, проект “УЧИМЕ, СЕ ВОСПИТУВАМЕ, ДРУГАРУВАМЕ”.
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, денес е објавен јавен повик на кој можат да аплицираат евидентирани невработени лица.
Истите ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со дваесет работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од девет месеци ( во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес), статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје во периодот од 24.08.2020 година до 31.08.2020 година од 08:00 до 14:00 часот или во Општина Кисела Вода во период од 08:00 до 16.00 часот.
Детални информации за програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кисела Вода кај лицето Елизабета Јаневска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување - Центар за вработување Град Скопје кај лицето Никола Ѓуровски, Центар за социјална работа Кисела Вода кај лицето Надица Недиќ.
Јавниот повик со сите потребни информации е достапен на следниот линк: