• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода на 23 ноември ќе објави конкурс за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Општина Кисела Вода во соработка со социјалното претпријатие, односно со професионалниот сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови „Нега плус“, сервис кој е основан од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - Хера, ќе организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Заинтересираните за посета на обуката, во периодот од 23.11 до 01.12.2020 година, потребно е да се пријават кај одговорните лица за спроведување на проектот, на мејловите: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. , Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и на телефонските броеви:  071/391-167 Ана Ѓуроска , 070/683-810 Симон Тошанов.

Кандидат(к)ите за посета на обуката, треба да ги исполнуваат следните услови:

-Да се државјани на РС Македонија;

-Да имаат над 18 години;

-Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

-Да имаат завршено минимум основно образование;

-Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;

-Да бидат подготвени по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови „Нега Плус“.

Лицата кои ќе ја посетуваат обуката ќе се стекнат со верификуван сертификат.

Обуката ќе се реализира, во рамки на проектот за финансирање на развој на социјални услуги за помош и нега во домовите на жителите на општина Кисела Вода. Проектот доби поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.

По завршувањето на обуката, ќе започне да се реализира петгодишниот договор за подобрување на социјалните услуги, кој неодамна го потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Конкурсот на 23 ноември ќе биде објавен на веб страната на Општината.

 

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa