Насловна
По соопштение од ЈП „Водовод и канализација“, Општина Кисела Вода информира дека денеска, од 12:00 часот, без вода ќе останат корисниците од урбаната заедница „11 Октомври - бараки“.
Прекинот на водоснабдувањето ќе биде поради реконструкција на водоводна мрежа на бул. „Борис Трајковски“ кај „Пелагонија“, и истиот ќе трае до завршување на работните активности.