Насловна
Денеска започна со осветлување на дел од трим патеката и за 15 дена ќе бидат поставени вкупно 25 столбови со еколошки лед светилки. Новиот парк, се простира на површина од 16.000 м2 и претставува еден од најголемите новоуредени паркови во град Скопје.
За почеток, поставени се светилки кај детското игралиште, а за околу 3 месеци истиот ќе биде целосно осветлен. Во исто време, поставени се столпчиња за заштита на трим патеката од несовесни возачи.
Локалната самоуправа потсетува дека минатата година, во УЗ „11 Октомври – бараки“ од најзапуштената површина, на која несовесни граѓани создаваа депонија, Градот Скопје направи парк. Во паркот, Општина Кисела Вода направи детско игралиште и парк за миленици, постави урбана опрема, а изработи и патеки од павер елементи. Покрај ова, Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општината, во должина од над 2 километри ја прошири/реконструира трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги.
Увид во работните активности во паркот и на трим патеката извршија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.