Насловна
Минатата седмица, ООУ „Невена Георгиева – Дуња “ за учениците од прво до трето одделение, кои наставата ја следат со физичко присуство, организираше „Недела на здравјето“.
Со почитување на протоколите за заштита на здравјето од вирусот Ковид-19, во училиштето се реализираа три едукативни работилници: „Патот до здрави заби“, „Другарување и учење во услови на пандемија“ и „Микроорганизми - Ковид 19“.
Стоматологот д-р Марјан Стојановски на едукативното предавање на учениците им укажа што треба да прават за да имаат здрави заби. Тој им покажа како правилно и колку пати е потребно да се четкаат забите. На крајот, Стојановски на децата им подели подароци за одржување на оралната хигиена, четки за заби, пасти и брошури од компанијата „Интердентал ДООЕЛ“.
За другарувањето помеѓу учениците и учењето во услови на пандемија, зборуваше психологот Јасмина Дечков.
Од проф. д-р Милена Петровска (микробиолог, консултант во Биотек лабораторија) децата има можност да научат нешто повеќе и за опасностите кои ги носат вирусите, а и за тоа како да се заштитат од вирусот Ковид-19.
Во знак за благодарност за соработката, ООУ „Невена Георгиева Дуња“ на сопственичката на Биотек лаборатории, Анкица Синадинова Базерко и подари постер и цртеж, изработени од ученичката Калина Смилевска од IV а одделние.