Насловна
По должината на бул. „Борис Трајковски“, Општина Кисела Вода денеска спроведува голема акција за расчистување на сметот.
Во моментов, од семафорите во населбата Пинтија до Цементарница Усје, 20 општински работници рачно и со едно возило со канистер за вода вршат расчистување на тротоарите и на тревната површина покрај булеварот. Во работните активности вклучени се и возила на ЈП „Комунална хигиена“, две машини за метење и една цистерна за миење улици.