Насловна
Одбојкарките на „Јанта Волеј - Кисела Вода“ вчера на дерби натпреварот од деветтото коло од втората фаза во најсилната македонска одбојкарска конкуренција, на гости со резултат 3-1 (25-23, 27-25, 20-25 и 25-15 по сетови) ја победија екипата на „Работнички – Скопје“. Со победата, сениорките на „Јанта Волеј“ се искачија на првото место на табелата во првата лига, и остануваат да бидат единствен клуб со 13 победи и два порази.
„Викендов кој ни следува, на гостински терен во Струмица, нашите одбојкарки ќе вложат силни напори да го освојат Купот на Македонија. Имаме многу јака екипа. Во сабота играме полуфинален натпревар со „Струмица жени“, и доколку победиме, во недела ќе играме за освојување на Купот.“ - изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“