Насловна
Од неодамна, старите и изнемоштени жители на Општина Кисела Вода добиваат помош во извршувањето на секојдневните домашни обврски. Оваа услуга им е овозможена преку социјалното претпријатие „Нега Плус“во рамките на ХЕРА, во соработка со Општината Кисела Вода.
Возрасните лица кои не можат да се грижат сами за себе и да водат независен живот во заедницата, можат да добијат негувател кој ќе им помогне во во одржување на лична хигиена, во хранење, облекување, во одржување на домаќинството, кој ќе им овозможи помош при готвење и пазарување, при движење надвор од домот, помош при користење медицинска терапија, при контрола на крвен притисок и шеќер. За да станат корисници на оваа услуга, лицата треба дасе обратат кај својот матичен лекар, а потоа со потребната документација во месно-надлежниот Центар за социјални работи, од каде ќе биде назначено стручно лице за увид и одобрение. Потребната документација и дополнителни информации се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк:
https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/NEGA%20plus.pdf
За сите дополнителни прашања или помош при пријавувањето за користење на услугите, граѓаните можат да се обратат директно во Канцеларијата за подобрување на социјалните услуги која се наоѓа во просториите на Општина Кисела Вода или на телефоните 02/278-5481 и 070 299 026.
Социјалното претпријатие „Нега Плус-Кисела Вода“ е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој е е имплементиран од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Преку истиот, овозможувајќи валитетни социјални услуги на локално ниво, ја покажуваме грижата за оние кои се грижеле за нас, што е еден од врвните приоритети на Општина Кисела Вода.