• Жителите на Пинтија ќе добијат асфалтирани улици и атмосферска канализација

    Жителите на Пинтија на потегот од ул. „Саса 2“ до крстосницата со „Јабланица“ ќе добијат целосно реконструирана улица.

  • Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

    Градоначалникот Филип Темелковски потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.

  • Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

    Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“

  • Градоначалникот Филип Темелковски во Владата на РСМ потпиша договор за набавка на товарно возило – кипер

 

 

Насловна

Финализирана атмосферската канализација на ул. “Жарко Зрењанин”

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески денеска извршија обиколка на улицата “Жарко Зрењанин” во населбата Драчево, каде финишираа градежните активности за изградба на атмосферска канализација на овој дел од населбата Драчево.

-“Денеска сведочиме на успешно завршена прва фаза од проектот за изградба на примарна атмосферска мрежа за дел од улицата “Жарко Зрењанин” и дел од улицата “Коперникова” во вкупна должина од околу 610 метри. Средствата во висина од околу 8.300.000 денари беа обезбедени од Европската Инвестициона Банка” – информираше министерот Јанакиески, потенцирајќи дека проблемот со атмосферските води кој го искажаа жителите на населбата Драчево полека, но сигурно, станува минато.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Беличанец – Алексиќ го искажа задоволството и благодарноста до минстерот за транспорт и врски за целокупната поддршка која ја даде министерството во реализацијата на овој проект.

-“По завршувањето на првата фаза од проектот за атмосферска канализација за овој реон, општината со своја инвестиција изврши целосно асфалтирање на улицата “Коперникова” на вкупна површина од 409 квадратни метри, каде се поставија околу 68 тони асфалт” – изјави Беличанец – Алексиќ.

Таа информираше дека Општина Кисела Вода ја изготви проектно-техничката документација и ја достави до Министерството за транспорт и врски за апликација до Европската Инвестициона Банка за реализација на втората фаза од овој капитален проект за изградба на атмосферска канализација на уште  два крака од оваа улица, која доколку се одобри би требало да се реализира во 2014 година.

На новинарско прашање дали се планира урбанизација на делот кај поранешната фабрика за сапун “Цветан Димов”, министерот информираше дека до крајот на овој месец заедно со општината планирано е да се распише јавен повик за изнаоѓање на стратешки инвеститор, кој ќе го купи земјиштето и на таа локација ќе изгради современ објект.

-“До крајот на овој месец ќе има јавна објава за продажба на градежно неизградено земјиште, со која ќе се овозможи на идниот стратешки инвеститор да го купи земјиштето и да изгради современ објект” – изјави министерот Јанакиески.

Истовремено, заедно со градоначалникот упатија апел до граѓаните да ја докомплетираат документацијата за легализација на дивоградбите.

-“Крајниот рок за доставување на елаборатот е  јуни 2014 година, што подразбира дека граѓаните имаат само уште осум месеци да ја докомплетираат документацијата, односно да го достават геодетскиот елаборат. – потенцираше министерот Јанакиески.

Запрашана за процесот на легализација во општината Кисела Вода, градоначалникот Беличанец – Алексиќ информираше дека процесот за легализација во Кисела Вода се одвива со добра динамика, откако кадровски се доекипираше одделението за легализација и се зголеми бројот на комисии кои излегуваат на терен.

-“Воведовме пракса за делење на решенија на неделна основа, каде ги информираме граѓаните за крајниот рок на процесот на легализација. По воведувањето на оваа пракса, резултатите се видливи и доделуваме околу 45 решенија за легализација на неделна основа” – изјави Беличанец – Алексиќ, упатувајќи апел до граѓаните да не го злоупотребуваат процесот на легализација и да градат нелегално во овој вакуум простор, бидејќи ќе се соочат со општинската градежна инспекција.

 

Коментари  

 
0 #1 Филип 2013-10-21 19:47
Здраво,
Нели за фабриката Цветан Димов се води постапка за денационализација?
Дали јавниот повик значи дека оваа постапка е конечно завршена, и ќе може да се урбанизира овој простор кој долго време претставува проблем на нашата општина?
Поздрав
Цитат
 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

Популарни Статии

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa