Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Избрани се новите претседатели на месните и урбаните заедници од Кисела Вода

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски попладнево им ги врачи уверенијата на новите Претседатели на месните и урбаните заедници од Кисела Вода, кои ја освоија довербата од Советите избрани од граѓаните.

 

-Се работи за укажана чест, но најмногу од се’, се работи за одговорна задача на која ќе треба да одговорите најдобро што умеете. Работата започнува веднаш. Ваша обврска ќе биде да ги евидентирате новонастанатите проблеми, да информирате за теренскиот дел од решавањето на тековните проекти, да бидете првата станица каде што граѓаните ќе се обратат кога ќе имаат било каков проблем. Вакви средби ќе имаме барем еднаш во месецот за навремено да ме информирате мене, како градоначалник и општинските служби, како би можеле што побрзо да реагираме-истакна градоначалникот во своето обраќање.

Додаде дека е свесен за лошата финансиска состојба во која беше оставена Општината и децениските инфраструктурни комунални проблеми на жителите за кои никој ниту нарачал, ниту изработил проект, посебно акцентирајќи ги Стаклара и Пинтија. Таму, информираше, сега се нарачани проекти. Во Стаклара за водоводна и фекална, а во Пинтија за фекална канализациона мрежа, кои би требало да стартуваааат во наредниот период. На средбата информираше и за интервенциите во другите месни и урбани заедници, го издвои селото Драчево, интервенциите на улицата “Речиште”, каде се направи измена на постоечкиот проект, скратување на трасата, но и вметнување на пумпи во канализацијата, па од среда веќе ќе се пристапи и кон асфалтирање на тој потег. Подоцна ќе се продолжи и кон другиот потег за кој исто така немаше проект, но сега е изработен и таму се решава децениски проблем, додаде Ѓорѓиевски, најавувајќи дека на друг потег на “Речиште” во должина од 1450 метри, заедно со ЈП “Водовод и канализација”, многу скоро ќе отпочне и промена на водоводна мрежа.

Проговори и за реконструкцијата на сите улици во Црниче и Пржино, како и целосната реконструкција на километрите патна мрежа во населбата Драчево на битни сообраќајници на кој никој не интервенирал децении наназад. Ќе се работи во сите месни и урбани заедници, целта ние да постигнеме рамомерен развој во целата општина, за што, нагласи, клучна ќе биде добрата соработка меѓу вас и граѓаните, но многу битна ќе биде и нашата комуникација, бидејќи целта ни е заедничка-ефикасно и брзо да одговориме на сите прашања и да ја подобриме работата на Општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во наредниот период, најави посета и средби со граѓаните во месните заедници за кои термините дополнително ќе се утврдат. Сите жители на општина Кисела Вода кои имаат потреба од телефонски контакт со месната заедница во која живеат, истиот можат да го пстварат преку телефонските броеви достапни на општинската веб страница на следниот линк:

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/2012-11-08-11-26-20 .

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa