Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Целосно реконструирани "Тоне Томшиќ", ,,Мишко Михајловски" и ,,Дичо Петров"

После пет децении, жителите на улиците ,,Тоне Томшиќ", ,,Мишко Михајловски" и ,,Дичо Петров" добиваат целосно реконструирани улици, истакна при денешниот увид во завршните градежни активности на посочените улици градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Заблагодарувајќи им се на жителите за трпението додека се асфалтираше, тој ја потенцираше важноста на овие сообраќајници и наведе дека овој зафат беше еден од најбараните од страна на жителите и токму затоа, беше и еден од приоритетните за локалната самоуправа.

Денес временските услови беа на наша страна и дозволија да го затвориме и овој дел од урбаниот дел на Кисела Вода.

 Низ комуникација со жителите, бидејќи тоа е единствениот начин на кој јас и мојот тим функционираме, беше кажано дека речиси 50 години никој не се решил да го среди и овој дел од артериите на Кисела Вода.

Се работи за улици кои се многу важни, улици кои досега значеше голгота секое поминување по нив.

Како жител на Кисела Вода пред сѐ, решивме да го промениме тоа досега познато лажно ветување и конечно да ставиме крај на грдиот лик во урбаната ни Кисела Вода.

Од денес овие 3 улици имаат нов асфалт, од денес жителите ќе можат непречено и без нервоза да ги извршуваат своите секојдневни активности.

 Јас сакам од срце да му се заблагодарам на мојот народ за трпението во изминатиов период додека се одвиваа градежните работи.

Во наредниот период ќе ги затвориме сите позиции и со Господ напред од пролет продолжуваме со новите предизвици.

 А нашиот предизвик е модерна Кисела Вода, токму таква каква што моите сограѓани ја заслужуваат-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa