Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

  

Насловна

Кисела Вода: Во август социјално загрозените ученици ќе летуваат бесплатно

Децата од социјално загрозени семејства од општина Кисела Вода ќе добијат бесплатно летување. Денес е распишан огласот и се објавени критериумите кои на ученици од семејства приматели на социјална или било каква друга помош, еднородителски семејства, семејства чии примања не надминуваат 35 000 денари месечно, семејства со еден вработен, примател на минимална плата, ќе им овозможат овој август да поминат неколку дена со своите врсници во некое од летувалиштата на Охридското Езеро.

 

За оваа намена Општина Кисела Вода издвои 3 милиони денари од својот Буџет со кои ќе се покријат трошоците за превоз, сместување и храна.

Рокот за пријавување започнува од  денес, 18.05.2023 година и трае 10 дена, односно заклучно до 27.05.2023 година до 18.00 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Делјан” бр. 17 или во архивата на општината со назнака: Пријава за избор на социјално ранлива категорија на ученици од општинските основни училишта за кои Општина Кисела Вода ќе спроведе бесплатен летен одмор“- Комисија).

Пријавата и образецот со упатство за пополнување, како и сите останати информации поврзани со користењето на оваа услуга, се достапни на веб-страната на општината:

http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/oglas123.pdf

Се работи за мерка од социјалната сфера на Општина Кисела Вода, која на децата од социјално ранливи категории кои се редовни ученици во основните училишта во општина Кисела Вода ќе им овозможи социјализација, дружење и нови искуства, односно ќе им пружи еднакви можности со нивните врсници. Воедно, проектот за бесплатни часови по странски јазици, часови за компјутерска технологија и бесплатен спорт за овие деца, ќе продолжи и во следната учебна година, а пакетот мерки за поддршка ќе биде дополнет и со нови услуги и содржини.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa