Насловна
Утре, четврток, 13.02.2014, со почеток во 11:00 часот, во просториите на поранешната кино сала во населба Кисела Вода, градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец- Алексиќ, ќе го претстави проектот за комплетна реконструкција на објектот на старото кино во населба Кисела Вода и неговата пренамена во современ културен дом.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.