ankara escortcasino siteleri1xbet 2024ankara escort bayanankara escortkonya eskortizmir escortmebbis girişataşehir escortkadıköy escortbahsinewonoddbetmatikmariobettipobetonwinbahiscombahsineDenizli Escortdeneme bonusudeneme bonusu veren sitelerpaşacasinostarzbetMarsbahismarsbahisTarafbetTaraftariumonwin girişbetstarsbodogjoocasinoblizzcasinobitslotcasoojusbit.iomirax casinobitkingzmbitclubrichesinclavecasinosbetplay.ioonlineslotmachinesbets.ioresorts world casinoatlantic city casinosfanduel casinobitstarz casino real moneyoshifree slot gamescrypto casinosbitcoincasinobetus casinored dog casinono deposit bonus codes 2024online slots real moneyroulette casinooynabilmercurecasinobetyapankabahisregnobetboombetodeonbetyorkbetmavibetodeonbetistekbetbetebetkazansanacratosroyalsonbahisinterbahisceltabetbordobetlesabahisLucku Luke CasinoRaptor casinoTwin casinoBetoffice GirişCasibom girişmariobet twitterbetparkimajbetgüvenilir bahis siteleritrendyol indirim kodupendik evden eve nakliyattipobetPusulabettipobetbetsmoveCasibomstarzbettipobetstarzbetbetturkeybetturkey girişjojobetbetkommavibetbetistBahçeşehir Escortligobetpopsec.orgdeneme bonusudeneme bonusu veren sitelermaltcasinopalacebetnorabahismilosbetbetperbahigolordbahiscasinovalebetonredakcebetnoktabetcasibom girişMatadorbetXslotslot siteleri https://en-iyi-10-slot-siteleri.comsahabetstarzbet adamsah.nethilbetvenüsbetasyabahisbetkolikselçuk sportsbahis sitelerisüperbahismariobet twittercasibommarsbahiscratosslotbetkomstarzbetstarzbetbetistbonusbayşanslıbetonredbetonredroketbetWinxbetBetsatBetexperNgsbahisceltabet girişbahiscombahiscom güncelbahiscom twittermarsbahisklasbahisbetkom girişby casinohttps://twitter.com/Ultrabetx_ultrabetBetco altyapılı sitelerbetkom girişmariobetholiganbetmariobet twitterholiganbetmariobet girişmariobetBaşakşehir escortonwingrandbettingtruvabetbahiscasinotarafbetbahiscommariobetbetistmarkajbetbetinematadornetcasibombelugabahisbetebet1xbetasyabahiscasinovalediscountcasinoelexbetfavoribahisesenyurt masaj salonubahiscombahiscombelugabahisbelugabahisbetistbetistceltabetceltabetklasbahisklasbahismariobetmariobetrestbetrestbettarafbettarafbettipobettipobetcasibomcasibomcasibomcasibomstarzbetsahnebetlimanbetredwinmatadorbetmatadorbetbetkombetkomsahabetvenüsbethilbetjasminbetpiabetartemisbetmaltcasinoasyabahisbetorspinbettiltmarkajbetbetkombelugabahisrestbetbetper
malatya escort pendik escort bayan antalya bayan escort ankara escort samsun escort bayan avcılar bayan escort anadolu yakası escort şirinevler escort bayan mersin bayan escort tuzla escort şişli escort bayan mecidiyeköy bayan escort
How Hot is Too Hot for Cats
Интервју за весникот "Вечер" на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ

Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

 

 

 

 

  

Насловна

Интервју за весникот "Вечер" на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ

Кисела Вода прерасна во модерна општина која се води од желбите и потребите на граѓаните


Урбанизацијата на општина Кисела Вода е императив за градоначалничката Билјана Беличанец,која граѓаните и понатаму ја нарекуваат Хурем Султан според популарната турска серија каде што како актерка по професија го позајми својот глас. Благодарение на нејзиниот ентузијазам со кој пред една година ја прими оваа тешка и одговорна функција, секојдневните контакти со граѓаните, упорноста на градската администрација и поддршката од Советот, таа за краток период успеа да го смени ликот на општината. Се изградија и се градат нови сообраќајници, се реконструираат старите, се обновува инфраструктурата, се вложува во образованието, во екологијата, во културата...

 

 

Привршува првата година од вашиот мандат. Колку сте задоволни од сработеното?
- Ова е една успешна година, во која остваривме голем број од зацртаните цели. Работевме посветено, бидејќи лично, сметам дека укажаната доверба од граѓаните претставува чест и задоволство, но и голема обврска и одговорност. Притоа, ја имавме и поддршката од централната власт и од Град Скопје, но и она што е клучно - поддршката од жителите на општината, кои најдобро знаат што им треба. Посветената работа базирана на чесност, одговорност и транспарентност во корелација со желбите и потребите на граѓаните секогаш дава резултати, а во општина Кисела Вода нив ги има, за што сведоци се самите жители на овој дел од градот.

Со децении клучен проблем на жителите на Пинтија беше застарената водоводна мрежа. На ова барање се одговори соодветно - со нов водовод. Во која фаза е проектот?
- Овој проект не беше само желба, туку и реална потреба на жителите на Пинтија. Постојната водоводна мрежа, според важечките стандарди, не ги задоволуваше потребите на потрошувачите. Оттука и заложбата на сите досегашни градоначалници на општина Кисела Вода за решавање на овој клучен проблем за жителите од ова населено место. Имено, проектот се реализираше во три фази во период од пет години, со финансиски средства од Владата и кредит од Светска банка. Првата фаза, која започна во 2008-2009 година, беше целосно финансирана од Владата со 15 милиони денари. Тогаш се изгради резервоарот со капацитет од 900 метри кубни, како и потисно-повратниот цевковод кој започнува од пумпната станица и ја транспортира водата низ мрежата и резервоарот. Втората фаза целосно се реализираше во мандатот на претходниот градоначалник, Марјан Ѓорчев, кога се одвиваа активности за изградба на пумпна станица и улична дистрибутивна мрежа. За реализацијата на втората и на третата фаза на овој капитален проект Општина Кисела Вода кредитно се задолжи во Светска банка во висина од околу 38 милиони денари. Со пуштањето во употреба на новата водоводна мрежа во должина од околу девет километри и приклучувањето кон неа на најголемиот број домаќинства, можам да кажам дека ја заокруживме и третата фаза од проектот и овозможивме подобрување и осовременување на условите за живот за граѓаните. Следниот чекор ќе биде санирање на прекопите и реконструкција на поголемиот дел на улиците за да се врати нивниот првобитен лик. 

Пред две недели на заедничка прес-конференција со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалниците на Скопје и на Сопиште и директорот на ЈП Водовод и канализација најавивте дека септичките јами ќе станат минато.
- 13.000 жители на Припор, Усје, Пинтија, Стаклара и на Градинар, кои во моментов користат септички јами, ќе добијат фекална канализација и секако, со тоа и современи и подобрени услови за живот. Проектот вреди 306 милиони денари и ќе се изведува на две делници. Првата е со вкупна должина од околу 3,8 км. Тргнува од населеното место Сопиште, поминува низ населба Припор, по улицата Христо Татарчев", во општина Кисела Вода и завршува кај крстосницата на бул. Србија" со ул. Борис Трајковски". Втората е со вкупна должина од околу седум километри и води од населеното место Сопиште преку регионалниот пат Р 302 и низ населеното место Усје покрај усјанскиот канал се врзува на постоечки колектор на ул. Никола Божинов", кој води кон препумпна станица во Аеродром. Се работи за еден капитален проект на Министерството за транспорт и врски и Град Скопје, во кој ќе се приклучи и Општина Кисела Вода преку изградба на секундарната канализациска мрежа.

Да потсетам дека во изминатиот период општина Кисела Вода инвестираше во нова фекална канализациска мрежа за неколку улици во село Драчево, кои ја поврзаа постојната канализација со фекалниот колектор во месноста Потстаница и овозможија поврзување на секундарната канализација од овој дел на селото Драчево со новата препумпна станица. Беше реконструирана и фекалната канализација на ул. Жванска" во Црниче. Започнуваме и со изградба на фекална канализација во населбата Драчево, конкретно на улицата Румена Хаџипанзова", чија изградба чини 2,4 милиони денари и треба да заврши за околу два месеци. Така што, можам да резимирам дека навистина, септичките јами во општина Кисела Вода ќе станат минато.

Во Припор нема градинка. Жителите на ова населено место мораат да ги носат своите деца во градинките во централниот дел на Кисела Вода. Како ќе се надмине овој проблем?
- Згрижување на децата од предучилишна возраст во здрави и безбедни услови во согласност со нивните потреби и во близина на нивниот дом е уште еден од приоритетите на оваа општина. Токму затоа, одговоривме на барањата на жителите на Припор и започнавме со изградба на детска градинка за 100-ина деца во дел од ПОУ Круме Кепески". Две училници ќе бидат реновирани и пренаменети во занимални, дел од ходникот ќе биде пренаменет во перална со магацин, а ќе биде дограден и сосема нов дел, со што ќе бидат запазени сите стандарди за нормално функционирање на објектот. Градинката ќе има посебен влез, а во нејзиниот состав ќе бидат организирани и јасли, креативни работилници, кујна и перална. Во следните фази на проектот, вреден 12 милиони денари, е планирана реконструкција на покривот на целиот објект на училиштето, што е потребно поради дотраеноста на постојниот и проблемите со протекување. Фасадата ќе се замени со нова, со што ќе се зголеми изолацијата на објектот, односно ќе се обезбедат услови за енергетска ефикасност.

Училиштето "Круме Кепески" веќе претрпи реконструкција и доби сосема нов, современ лик преку соработка со Амбасадата на Сојузна Република Германија. Каква ви е соработката со амбасадите на останатите држави?
- По преземањето на мојот градоначалнички мандат, имам остварено средби и соработка со амбасадите на голем број земји. Ќе ја споменам соработката со чешката, полската, американската, кинеската, унгарската, германската амбасада. Од соработката со германската амбасада произлезе нивното финансиско учество во реконструкцијата на училниците во ПОУ Круме Кепески", што значи многу за учениците од Припор ако се земе предвид дека овој објект е изграден во 1982 и оттогаш во него не беа вршени никакви реконструкции. Жителите на Драчево, пак, секојдневно гледаат како пред нивни очи расте сосема новиот објект за ОУ Рајко Жинзифов", проект кој се остварува со целосна донација од НР Кина. Кога зборувам за реконструкција на училиштата, неминовно е да ја споменам и онаа што следува во периодот кој доаѓа и ќе се одвива во ПОУ Кузман Јосифовски - Питу" во населбата Црниче, за што Програмата за развој на ОН (УНДП) во Скопје финансиски учествува со два милиони денари, додека општина Кисела Вода ќе вложи четири милиони денари. Веќе за петок е најавена посета на амбасадорот на Франција во Македонија, што, секако, значи можност за нова соработка и реализирање нови заеднички проекти. Сево ова, пак, зборува дека со нашата напорна и чесна работа во интерес на жителите на општина Кисела Вода сме оставиле добар впечаток и сме стекнале доверба кај домашната и кај светската јавност.

Неодамна заедно со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го означивте почетокот на градежните активности на улицата Иван Хаџиниколов 2" во селото Драчево и на уште два крака. Колку жители ќе го почувствуваат бенефитот од оваа реконструкција?
- Се работи за доста фреквентна улица, која секојдневно ја користат околу 950 жители од овој дел на селото Драчево, но е важна и за сите останати жители на ова подрачје, бидејќи истата е продолжение на постоечката главна улица која транзитира кон населба Драчево. Целосно треба да биде завршена за околу четири месеци. Вредноста на инвестицијата изнесува 5,4 милиони денари, од кои 3,7 милиони денари се обезбедени од програмата ИПАРД, наменета за инвестиции и за поддршка на земјоделството и руралниот развој во земјава преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Општина Кисела Вода во овој проект учествува со 1,7 милиони денари.

Преку реновирањето на објектот на старото кино во населба Кисела Вода и неговата пренамена во современ културен дом ја доближувате културата до граѓаните. Какви содржини ќе им се нудат?
- Се работи за еден голем заеднички проект на Министерството за култура и Општина Кисела Вода, кој треба да го збогати културното живеење во овој дел од градот. По завршувањето на градежните активности на посетителите ќе им бидат ставени на располагање мултифункционален простор, кој би се користел како театар и киносала со 144 седишта, библиотека, уметнички клуб, кафетерија со галерија, административни канцеларии, а секако, предвидени се и простории за месната заедница со посебен влез. Реновирањето на објектот и неговата пренамена во модерен културен дом значи создавање комплетна инфраструктура за поттикнување на развојот на културата.

До каде е изградбата на повеќенаменското игралиште во основното училиште "Климент Охридски" во населбата Драчево?
- Градежните работи течат и се очекува финализацијата на повеќенаменското игралиште да се случи кон почетокот на следниот месец. На површина од 1.300 метри квадратни ќе има два гола за мал фудбал и ракомет и четири коша. Ќе располага со сите спортски реквизити и урбана опрема и ќе биде осветлено за да се користи и навечер. Изградбата ја финансира Владата преку Агенцијата за млади и спорт, а инвестицијата е вредна 7,4 милиони денари. Исто вакво повеќенаменско игралиште се гради и во населбата Црниче. Кога зборуваме за вложувањето во создавањето услови за спорт и рекреација на жителите на овој дел од градот, сакам да најавам дека општина Кисела Вода ќе инвестира во реконструкција на покривот на спортската сала во ОУ Климент Охридски" во населбата Драчево. 

Какви мерки за енергетска ефикасност спроведувате и даваат ли тие резултати?
- Како модерна општина која се грижи за здрава животна средина, постојано работиме на воведувањето мерки за енергетска ефикасност. Досега имплементиравме енергетски менаџмент (управување, регулација и мониторинг) во системите за топлинска енергија, инвестиравме во енергетска обнова на обвивката на повеќе објекти и во замена на 900 живини светилки со штедливи во населбите Црниче, Пржино, Бирарија и Цветан Димов. За само три години намалена е потрошувачката на енергија за 8.805,6 мегават-часови. Финансиската заштеда е околу 1,1 милион евра, а ефектот во однос на заштитата на животната средина се гледа во намалувањето на СО2 во атмосферата за 2.402 тони.

 

 

 

Превземено од весникот "Вечер"

http://vecer.com.mk/?ItemID=5B3299500A384D419395F9B1234A9DFB

Коментари  

 
-1 #1 s 2014-03-05 11:11
SUPER SAMO TAKA TREBA VNESUVANJE NA NOVI USLOVI I IZGRADBI VO KISELA VODA ZA DA MOZE I ZA KISELA VODA DA BIDE KAKO STO TREBA DA BIDE
Цитат
 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

 

 

 

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости