Општина Кисела Вода се ребрендираше

Рејтинг на корисник:  / 8
НајлошоНајдобро 

За својот 60ти роденден, општина Кисела Вода доби нови општински симболи. Во рамки на празничните случувања во текот на вчерашниот ден, нив ги промовираа градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Претседателот на Советот Трајче Донев.

 Новоизбраните идејни решенија за грб и знаме на општина кои ги изгласа Советот на општина Кисела Вода, со 19 гласа ЗА и еден воздржан, претходно беа избрани на јавен конкурс од страна на жири комисија составена од членови на Советот, а во која беше вклучен и претставник од здружението на хералдичари.

 Истите, покрај тоа што во себе ја интегрираат и денешницата- географските, стопанските, природните карактеристика на општина Кисела Вода во денешните граници, во себе ја содржат и нејзината историја. Минималистички се дизајнирани со комбинација на на едноставни елементи кои ја симболизираат општината и нејзината територија – штит, црква, сонце, планина, небо и вода, изведени на начин кој овозможува лесна и едниставна апликација на секаков медиум. Доминатната боја е црвената, содржана во скоро сите елементи од македонското културно наследство во комбинација со бела боја која дава силен контраст и испраќа визуелна порака за чисти, модерни и јасно дефинирани форми кои ја потврдуваат основната идеја- графичко и визуелно дефинирање симболи на цврст, јасно дефниран субјект.

Во текот на вчерашната свечена седница на Советот, одржана по повод 60-годишниот јубилеј, на креаторот на идејното решение - Ласко Џуровски, му беше врачена благодарница, но и паричната награда предвидена од страна на Советот на Кисела Вода, која изнесува вкупно 50.000,00 денари, односно поединечно за секој симбол по 25.000,00 денари.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Викендов ,,Баделки“ го пречекуваат "Вардар" https://t.co/fuoXy9mH2x
9hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda “Next Time“ на час по музичко во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ https://t.co/bc71LdZFD6
9hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Крводарителска акција во Општина Кисела Вода https://t.co/Z9Yzgp55PQ
11hreplyretweetfavorite