Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Градоначалникот Беличанец - Алексиќ во посета на Припор и Пржино

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

По посетата на УЗ Кисела Вода и Расадник, градоначалникот, заедно со Претседателот на Советот и тим од стручните служби од општината, дел од советниците и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија од градот Скопје оствaрија средба со граѓаните на Припор и Пржино се со цел за подобрување на условите во кои живеат.

 

 

Градоначалникот пред жителите во УЗ Припор потсети за досега сработеното, за асфалтирање -санација на ул. Христо Татарчев крак 14, асфалтирање - санација на ул. Христо Татарчев крак 24, одржување на урбана опрема, изработка на ново детско игралиште во Теферич, изградба, набавка и монтажа на летниковец и клупи со правилен облик во ОУ ЈГД Круме Кепески, чистење на фекална канализација на ул. Христо Татарчев крак 14, чистење на депонии во Теферич, тековна санација на улично осветлување, проширување на дел од ул. Христо Татарчев (Теферич) и дел од ул. Мариовска (магацин Треска) со тампон и асфалт.

На средбата граѓаните беа информирани за изработка на проекти кои треба да се реализираат во 2016 година, за реконструкција на дел од ул. Мариовска, (магацин Треска), дел од ул. Сава Ковачевиќ до спојот на реконстурирана улица црква Теферич, крпење на ударни дупки на ул. Христо Татарчев бр. 27 и бр. 28, асфалтирање на кошаркарско игралиште кај подрачно училиште Круме Кепески, тековно чистење на депонии, тековна санација на ударни дупки, како и тековно одржување на урбана опрема и улично осветлување.

 

Во УЗ Пржино градоначалникот нагласи за извршената реконстуркција на пристапна патека на ул. Мегленска, крпење на ударни дупки на ул. Мариовска, ул. Зеленгора и ул. Банско, како и тековно одржување на детски игралишта, улично осветлување и урбана опрема.

Граѓаните беа информирани и за идните планови, за изградба на атмосферска канализација по улиците во населбата, изработка на партерно уредување на тротоари за ул. Милан Мијалковиќ, тековна санација крпење на ударни дупки, чистење депонии, како и тековно одржување на урбана опрема и улично осветлување.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa