Општина Кисела Вода ја исчисти дивата депонија кај Теферич

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Исчистена е дивата депонија кај Теферич. Сезонските работници организирани од страна на Секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО, со камион го отстрануваа отпадот оставен од несовесни граѓани и покрај сите апели и засилените инспекциски контроли од страна на општината. Во текот на расчистувањето беа собрани околу 12 тони смет и шут.

 

Општина Кисела Вода во континуитет спроведува акции за чистење на микро локации и црни точки на нејзината територија, каде се создаваат диви депонии.

Во насока на претходното, апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина. Воедно, информира дека заедно со ЈП Комунална хигиена на 04 и 05. 03. 2016 година од 07,00 – 11,00 часот ќе спроведе акција за собирање на кабаст отпад  на територија на општината. Акцијата ќе се спроведе пооделно по урбани заедници според датумот и времето предвидено за одложување на отпадот според следната динамика:

04. 03. 2016 година од 07,00 – 11,00 часот: УЗ. Цветан Димов, УЗ. Бирарија, УЗ. Црниче, УЗ. Пржино и УЗ. 11-ти Октомври – згради

05. 03. 2016 година од 07,00- 11,00 часот: УЗ. Кисела Вода, УЗ. Расадник, УЗ. 11-ти Октомври - бараки, УЗ. Пинтија, УЗ. Бобан Трпков-Драчево, МЗ.село Драчево и МЗ. Припор.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Голема еколошка акција се спроведе во Кисела Вода https://t.co/jzhPIsPtgD
7hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во организација на Сојузот за училишен спорт на Општина Кисела Вода се одиграа финалните кошаркарски натпревари https://t.co/ykOVQLsRmx
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ги поканува своите жители на еколошкиот настан “Биди дел од чиста иднина” https://t.co/VNgbZvP8qY