Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Општина Кисела Вода доби целосно нов Дом на културата

Рејтинг на корисник:  / 4
НајлошоНајдобро 

Целосно руиниран објект во општина Кисела Вода, денеска е комплетно нов современ Дом на културата. Руинираниот објект кој бил изграден од 1959 година, а 20 години бил надвор од употреба, започна да се гради со целосна реконструкција во 2014 година со заеднички средства на општината и Владата, преку Министерството за култура.

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска официјално го пуштиja во употреба новиот Дом на културата во Кисела Вода „Кисела Вода – Кино“ (КВК).

Станува збор за целосно, темелно реконструиран објект изграден во 1959 година, руиниран и надвор од употреба од 1990 година за чија обнова се инвестирани 42 милиони денари од Министерството за култура и девет милиони денари од локалната самоуправа.

– Дадовме ветување на изборите дека овој објект ќе биде возобновен  и дека општината Кисела Вода ќе добие Дом на култура, Кино и сите пропратни елементи и тоа го реализиравме. Задоволство ми е што денеска имав можност да присуствувам на свеченото отворање на, може да се рече, новиот Дом на култура и Кино во општина Кисела Вода, што всушност е темелна реконструкција, толку голема скоро како да е изграден нов објект, изјави Груевски по обиколката на објектот.

Тој посочи дека објектот има можности за одржување театарски претстави бидејќи има 169 седишта и одлична театарска сцена, библиотека и многу други простории.

– Со еден збор ќе биде катче во кое ќе има многу културни и забавни содржини од одржување театарски претстави – професионални и аматерски, до разни други културно-уметнички настани од типот на играорни друштва, музички настани, поетски читања…, вклучувајќи и кино проекции, бидејќи е вградена целосна опрема за кино проекции, рече Груевски.

Со заеднички сили, потенцира, како Влада и како општина во 2014 го започнавме реконструирањето кое е веќе завршено и објектот е пуштен во работа.

– За два дена, на Денот на општина Кисела Вода, официјално ќе биде првпат употребено и ќе влезе во функција во целосна смисла на зборот, потенцира Груевски.

Новиот Дом на култура во Кисела Вода е на површина од околу 900 метри квадратни. Во приземјето се сместени мултимедијална сала со 169 седишта, музичко-уметнички клуб, библиотека, канцеларија на Месната заедница, гардероби, билетарница, пацио. Просторот е збогатен и со дополнителни содржини како кафетерија, додека во подрумскиот дел е сместен делот за релаксација во кој граѓаните на општината Кисела Вода ќе може да го поминуваат своето слободно време. Во подрумот има и мала сала во која ќе може да се подготвуваат театарските претстави. Во дел од контролната кула, пак, е сместена контролна соба и остава.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa