Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

За роденденот на општина Кисела Вода Пинтија доби детска градинка

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Нова детска градинка со капацитет за згрижување на 80 до 100 деца од предучилишна возраст беше пуштена во употреба денеска во населбата Пинтија во Општина Кисела Вода. Градинката „Ѓурѓица“, дел од ЈДГ „Весели Цветови“ е со површина од 420 метри квадратни. Има три занимални и едни јасли. Изградена е по снадардите за енергетска ефикасност.

 – За три години се пуштени во употреба три нови градинки во Кисела Вода. Градинката што ја отвораме денеска и претходно по една градинка во Црниче и во Припор. Ова говори за посветеност на општината за проширување на сместувачките капацитети за децата од предучилишна воздраст. За два дена беше пуштен во употреба и новиот Дом на култура во општината, паралелно се работи на училиштето „Невена Георгиевска Дуња“. Заедно со овој објект само за овие три проекти во Кисела Вода имаме вложување од околу 2,3 милиони евра што говори за посветеноста и на Владата и на општината за градење нови капацитети, изјави на отворањето на градинката премиерот Емил Димитриев.

Тој додаде дека општина Кисела Вода има мошне добра соработка со со Владата и оти се работи на реализација и на други проекти кои се во интерес на граѓаните. Трендот за отворање градинки, рече Димитриев, продолжува натаму и ќе бидеме сведоци и на пуштање во употреба нови објекти од овој карактер.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов информира дека градинката се пушта во употреба една година по започнувањето на изградбата.

Ова, информира министерот, е трета градинка во општина Кисела Вода во изминатите три години со што, како што рече, значително се зголемува капацитетот за згрижување деца од предучилишна возраст.

 

– За оваа година ова е шеста градинка што ја отвораме заедно со единиците за локална самоуправа. Како Министерство за труд и социјална политика ние учествуваме најчесто со опремување на градинките. Планирано е до крајот на годината вкупно да се отворат околу дванаесетина градинки, истакна Спасов.

Додаде дека изминатите години се отворени 49 детски градинки со што, како што рече, е зголемен за повеќе пати капацитетот за згрижување деца од градинка.

– И натаму како Влада ќе продолжиме со сериозни инвестиции во изградба на нови детски градинки и вложување во идните генерации во Македонија, истакна Спасов.

Градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ информира дека капацитетот на објектот е да згрижи од 80 до 100 дечиња. Има три заминални, едни јасли и како што рече сите придружни простории согласно нормативите што ги налага МТСП.

Оваа градинка, рече Беличанец Алексиќ, е прва во населбата Пинтија и е дел од она што локалната самоуправа треба да го прави, а тоа е да ги урбанизира сите населени места кои со текот на времето биле запоставени.

Општина Кисела Вода продолжува со активностите поврзани со одбележувањето на својот 61-годишен јубилеј. Денес, во присуство на бројни гости, беше одржана свечена седница на Советот на која свое обраќање имаше претседателот Трајче Донев, а вечерва во новиот Дом на културата ќе биде прикажана претставата Чолак во продукција на Драмскиот театар од Скопје.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa