Ве известуваме дека четириесет и шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 11 ноември 2016 година (петок) со почеток во 11,00 часот
- Усвојување на Записникот од 45-та седница на советот;
1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за третиот квартал од 2016 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2016 година до 30.09.2016 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на општина Кисела Вода, К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
2.Предлог-Одлука за измени и дополнување на Буџетот на општина Кисела Вода за 2017 година;
3.Предлог-Програма (Ф) урбано планирање на општина Кисела Вода за 2017 година;
4.Предлог-Програма (J) - комунални дејности на општина Кисела Вода за 2017 година;
5.Предлог-Програма Г10 - за локален економски развој со Подпрограма ГДО – проекти за енергетска ефикасност на општина Кисела Вода за 2017 година;
6.Предлог-Програма за месна самоуправа (капитални расходи ) – (ДАО) - Подпрограма за месна самоуправа – тековно оперативни расходи (Д1О) на oпштина Кисела Вода за 2017 година;
7.Предлог-Програма (Р) заштита на животната средина и природа на општина Кисела Вода за 2017 година;
8.Предлог-Програма од надлежност В - предучилишно воспитување за 2017 година програма В1 - предучилишно воспитување;
9.Предлог-Програма (Н1) и Програма (НА) капитални расходи основно образование за 2017 година;
10.Предлог-Програма за спорт и рекреација за 2017 година;
11.Предлог-Програма (К4) за културни манифестации и творештво и предлог - програма (КА) за културни манифестации и творештво (Капитални трошоци) за 2017;
12.Предлог-Развојна програма културни манифестации и творештво – капитални трошоци (КА) Подпрограма (КАА)-Реконструкција на Дом на културата с. Драчево за 2017-2019 година;
13.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.