Денес, во градинката “Весели Цветови”, објект “Синоличка” се реализираше акција за пролетно разубавување на дворот.
Децата, родителите, претставниците од Општина Кисела Вода, директорот и вработените заедно засадија цветни садници со што , го оддбележаа денот на пролетта и екологијата.
Акцијата за садење на цвеќиња е веќе традиционална и има за цел да ги едуцира најмладите за грижа и одговорно однесување кон животната средина, воедно поттикнувајќи го нивното чувство за естетика и разубавување на просторот во кој се одвива нивното секојдневие.