Општина Кисела Вода и Црвениот крст со мерки за заштита на граѓаните од топлотниот бран

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

И оваа година Општина Кисела Вода во соработка со Црвениот крст Кисела Вода го реализира проектот за помош на граѓаните од високите температури.

За таа цел, медицински тим од Црвениот крст - Кисела Вода е на терен и на граѓаните кои се надвор од своите домови им дистрибуира вода за освежување. Исто така волонтерите на Црвениот крст по потреба со сопствени возила вршат транспорт на стари лица до дома доколку за тоа има потреба. Покрај ова граѓаните можат да побарат и медицински совети од лекар на телефонскиот број  071 216 823.

Оваа активност која започна на почетокот на јули ќе продолжи да се одвива се до крајот на август и ќе се реализира при постоење на високи надворешни температури. Истата, во рамките на проектот “Топлотен бран - Заштита и превенција на здравјето на граѓаните од високи температури во летниот период" се реализраше и во минатите години како дел од програмата на Секторот за месна самоуправа и социјална заштита при Општина Кисела Вода.

Проектот во кој локалната самоуправа кофинасира има за цел да ја промовира позитивната свест кај граѓаните на Општина Кисела Вода за превенција од последиците од високите температури и современиот начин на живеење.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во Кисела Вода одбележани 169 години од смртта на Фредерик Шопен https://t.co/BU62mgfMkD
3hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денес дел од Кисела Вода без струја https://t.co/KDfxymEbbn
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада https://t.co/bc8NQUCzko