Општина Кисела Вода ги известува своите жители дека Градот Скопје објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на главниот град за купување печки на пелети за 2017 година.
Пријавувањето за субвенционирање за купување печки на пелети за 2017 година, за жителите на град Скопје, започнува денеска 15.11.2017 година. Имено, Градот Скопје, со цел да ги стимулира жителите на Скопје (домаќинствата) за користење обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, на жителите коишто ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик, а заклучно со 22.11.2017 година, ќе им обезбеди поврат на средства во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход. Јавниот повик трае 7 (седум) календарски дена од денот на објавувањето, заклучно со 22.11.2017 година и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен’’.
Јавниот повик е објавен на веб-страницата на Град Скопје и е достапен на следниот линк:
http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=654