Дечињата од ЈДГ „8 Март“ во посета на Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот Филип Темелковски денеска во својот кабинет ги прими дечињата од ЈДГ „8 Март“.

На едукативната посета, дечињата имаа можност да се запознаат со функционирањето на локалната самоуправа, како и со надлежностите на професијата градоначалник.

Се запознаа како се избира градоначалникот, како функционира општината, кои се неговите ингеренции, како се менаџираат одделните сектори во општината преку кои се подобруваат условите за живеење на жителите во овој дел на градот. Одговорајќи на нивните прашања, им објасни дека и градинките во кои тие одат се во надлежност на локалната самоуправа, а заедно појдоа и до општинската сала во која се одржуваат седниците на Советот на Општина Кисела Вода, каде се запознаа и со неговата работа.

 

 Градоначалникот Темелковски ги покани дечињата на повторна средба во неговиот кабинет, а најави и дека ќе им ја возврати посетата во нивната градинка. Воедно, истакна дека во скоро време ќе ги посети и  другите градинки кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Одбележан Денот на мајчиниот јазик во Општина Кисела Вода https://t.co/5lcBW3jgpN
O_KiselaVoda Унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс во посета на Општина Кисела Вода https://t.co/EdMzI5oBbq
O_KiselaVoda Соломон Паси на средба со градоначалникот Филип Темелковски https://t.co/lV4EYgZBYi

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата