Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.
На денешната средба, тој, директно од граѓаните се информираше за проблемите со кои се соочуваат и ја искажа својата подготвеност да им се излезе во пресрет на сите добри идеи, согласно реалните можности на општината со кои би се подобрил квалитетот на живеењето.
Воедно, потенцираше и дека ваквите приемни денови во Општината ќе бидат чести, но и дека планира и тој често да биде на терен меѓу граѓаните, па и на лице место да се утврди потреба од реакција од локалната самоуправа.
Од 07.12.2017 приемен ден кај градоначалникот Темелковски ќе биде секој четврток. Сите жители на Општината кои сакаат да остварат директен контакт со градоначалникот со цел да го информира за проблеми, забелешки, сугестии и нови идеи што треба да го подобрат секојдневното живеење, средбата можат да ја закажат на 02/2785-400, по што ќе бидат телефонски контактирани за датумот и терминот на средбата.