Започна големата акција за чистење на Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода во соработка со Град Скопје и градските јавни претпријатија денес започна со акцијата за расчистување на дивите депонии на цела територија на локалната самоуправа.

Со оваа акција опфатено е расчситување на дивите депонии на оние места на кои и покрај постојаните апели на Општината, постојано се создаваат од страна на несовесни граѓани.

Во оваа акција локалната самоуправа вклучи 20 сезонски работници. Во истата вклучена е и механизација, два камиони од Општината, два скипа и два камиони од Град Скопје.

Покрај ова, во понеделник ќе се врши и кастрење на гранките на дрвјата, ќе се собираат и паднатите лисја од истите, а ќе се расчситуваат и улиците. Оваа акција ќе се спроведе во сите урбани заедници и во неа ќе бидат вклучени 60 сезонски работници од Општина Кисела Вода, а од страна на Град Скопје ќе бидат привремено ангажирани 300 невработени лица.

Коментари  

 
0 #1 Biljana 2017-12-02 14:11
Ja pozdravuvam akcijata. Redno e vekje ednash da pochne da se raboti domakjinski i prvo da pochneme od toa da si ja ischistime opshtinata. Se nadevam i deka kje ima i telefonski broj na koj kje mozheme da se javime za da sugerirame za nekoi mesta koi mozhebi ne se zapazeni.
Цитат
 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Цвеќе на споменикот на бранителот Бобан Трпков од Драчево https://t.co/3LiY2HWWGO
20hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре дел од Припор без вода https://t.co/gG4cGiNjB4
O_KiselaVoda „Приказна за инструментите“ во ООУ „Рајко Жинзифов“ https://t.co/q2ztyA7x4c