Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен. Овие детски игралишта направени се по сите модерни стандарди и содржат гумен под, лизгалки, лулашки, клацкалки и куќарки за игра. 

Едното е погодно за дечиња до 6 годишна возраст, додека другото за деца од 6 до 12 годишна возраст.

Инаку, неодамна истиот парк доби нова модерна урбана опрема, беше извршена реконструкција која опфати замена на постоечките клупи со 20 нови без наслон и 20 со наслон, модерни – уметнички дизајнирани со изглед на пијано, во духот на делото на музичкиот великан по кој овој парк е именуван. Поставени беа и 20 корпи за отпадоци.

Покрај ова беше извршена замена на старите канделабри со нови 25 амбиентални светилки со кои се доби подобро осветлување на паркот.

Со изградбата на овие две нови детски игралишта, Општина Кисела Вода финализираше со целосната реконструкција на Паркот Шопен, со која на жителите од сите возрасти им овозможи да уживаат во овој модерен урбан парк. 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Во Кисела Вода одбележани 169 години од смртта на Фредерик Шопен https://t.co/BU62mgfMkD
3hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Денес дел од Кисела Вода без струја https://t.co/KDfxymEbbn
10hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ поставена е нова термоенергетска фасада https://t.co/bc8NQUCzko