Општина Кисела Вода е подготвена за ниските температури кои следуваат во претстојниот зимски период.
Со појавата на првите снежни наноси, беа ангажирани возила за одржување на улиците во зимски услови, а веќе и се интервенираше на неколку улици во надлежност на општината кои се регистрирани како црни точки во овој дел од градот.
Во две интервенции, беа фрлени околу 9 тони сол. Превентивно, оваа локална самоуправа започна и со достава на вреќи со сол до сите месни и урбани заедници. Со сол се снабдуваат и сите основни училишта и градинки на територијата на општината.
Општина Кисела Вода ќе ја следи состојбата и доколку се појави потреба ќе реагира согласно со условите на теренот.
Воедно, апелираме до граѓаните своите возила да не ги паркираат на тротоарите, како би можеле непречено да минуваат камионите, со кои се фрла сол, а до учесниците во сообраќајот да се придржуваат на условите на коловозите.