Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”, институции кои се лоцирани на територија на општина Кисела Вода.
Подарувајќи им новогодишни пакетчиња на дечињата, тој им посака здравје и среќа во Новата година.
Средбата со директорите на овие две институции, беше искористена и за да се разменат мислења за потребите што ги имаат учениците и законските можности на локалната самоуправа за да им се излезе во пресрет.
Директорите, во име на учениците ја изразија својата благодарност, а градоначалникот својата подготвеност за продолжување на континуираната соработка преку која треба да се надминат проблемите со кои се соочуваат дечињата и да се надминат предрасудите со кои е обременета средината во која живеат.