Спомен-обележја на Никола Бадев и Пеце Атанасовски во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Во присуство на нивните семејства денес беа откриени скулптурите на легендите на македонската народна песна Никола Бадев и Пеце Атанасовски. Скулптурите се поставени во паркот Македонија, во кругот на новиот Дом на култура. Леани се во бронза, во природна големина, поставени на постамент обложен со травертин.

 

Спомен-обележјето на Пеце Атанасовски е дело на Сашо Барјактаров и Димитар Филиповски, додека скулптурата на Никола Бадев ја изработи Елена Рафајловска. Истите беа прворангирани на конкурсот распишан од Општина Кисела Вода, согласно Програмата на Одделението за култура и со поддршка од Советот на Општината.

Песната е мојот живот, живеам за неа и преку неа, кажал пејачот со кадифен глас Никола Бадев. И за тоа, за своите неполни 58 години живот, сведочи блекава кариера.

Во 1928, година,  како самоук музичар почнал уште со неполни 10 години свирејќи на виолина со помош на неговиот вујко. По препорака на етномузикологот Васил Хаџиманов во 1950 година ја започнал професионалната кариера како пејач и инструменталист. Набргу станува член на Народниот оркестар, за кусо време станал и раководител на Државниот ансамбл за народни песни и игри „ Танец ”. За потребите на Радио Скопје снимил над 500 песни и снимил дуети со повеќе познати македонски пејачи. Својата прва грамофонска плоча ја снимил за дискографската куќа  „ Југотон ” со песната „ Тешка беше нашата разделба ”.

Подоцна неговите плочи издадени за РТВ Белград достигнале сребрен и златен тираж. Во текот на кариерата Бадев многупати ја обиколувал Македонија, а одржал и бројни концерти ширум светот, обиколувајќи ја Земјината топка неколку пати. Ги испеал нашите најлирски песни и издал стотина плочи.  Иако има испеано песни од сите жанрови, има компонирано свои песни кои подоцна се претопиле во народни,а песната „ Параходот ” станала негова лична карта. 

Исто како Никола Бадев, и доајенот на македонската народна музика  Пеце Атанасовски,  голем дел од својот живот поминал во Општина Кисела Вода. 

Неговите први музички ангажмани започнале со националната радио станица. Тој бил професионално ангажиран во Радио Скопје од 1946 год. и во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец “ од Скопје , почнувајки  од 1950 година. Пеце Атанасовски е една од клучните личности во македонскиот фолклор по Втората светска војна.

Од 1959 година до пензионирањето,тој бил раководител на Оркестарот од народи инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет културно-уметнички друштва во Македонија. Од 1966 година, во текот на следните 29 години , ја  раководел Фолкорната школа за странци во Отешево . Во 1973 год. го основал и бил директор на Долненскиот фестивал, кој по неговата смрт бил именуван како „Фестивал на народни инструменти и песни Пеце Атанасовски”. Со своите гостувања со разни културно-уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на македонскиот мелос.

Атанасовски бил носител на 19 мегународни награди на светските фестивали во Ланголен (Англија) , во Брно итн.  Во конкуренција на 1800 Гајдаџии  од целиот свет, тој го освоил првото место и наградата „ Златна гајда  ‘’ на фестивалот во Ериче, Италија во 1968 година. Како светски признат народен инструменталист, држел часови на разни универзитети во светот, од Лос Анџелес до Токио. Во текот на својата кариера, Атанасовски собрал импозантна фолклорна збирка од околу 20 000 народни песни и ора. Ги компонирал и новосоздадените фолкорни песни, како што се : „ Ајде чудо, чудо и  “Като, Като, Катерино “. Во негова чест, секоја година се одржува фестивалот на народни инструменти  и песни ,, Пеце Атанасовски “ кој е под покровителство и на Министерството за култура.

 

 Овие две исклучителни музички појави, афирматори на македонската народна песна и на македонската држава, оставија неизбришливи траги во македонското културно наследство.

Со поставувањето на нивните спомен одбележја, Општина Кисела Вода уште еднаш ја искажува почитта кон нивниот лик и дело и дава свој влог во зачувувањето на нивната бесмртност.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Продолжува чистењето на Општина Кисела Вода https://t.co/cBz4c4X2NR
O_KiselaVoda Денес една улица во Кисела Вода без струја https://t.co/kIk0Mgss3Z
O_KiselaVoda Неколку улици во Кисела Вода без струја https://t.co/WsCHh4Pfa8

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата