7 тони смет собрани од Драчево и 11 Октомври Бараки

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Продолжува акцијата на локалната самоуправа  за расчистување на сметот во општина Кисела Вода.

Во склоп на зацртаните активности на Секторот за месна самоуправа и социјална заштита, во текот на вчерашниот и денешниот ден се работеше на отстранување на сметот акумулиран, пред се, на блоковското зеленило, локации кои генерално се во надлежност на заедниците на сопственици на станари кои од Општината побараа да им излезе во пресрет и да им помогне во расчистувањето.

Се чистеше во урбаните заедници 11 Октомври Бараки и Драчево каде беа собрани вкупно 7 тони смет. Акцијата продолжува на целата територија на Општина Кисела Вода.

Утре, 11.01.2018 четврток, ќе се чисти во 11 Октомври Згради, каде ќе бидат ангажирани 35 сезонски работници. Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина, во која и самите живеат.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода сади 160 високо стеблести дрва на својата територија https://t.co/FluMSqXHjl
1hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda „Баделки“ без пораз во лигата, вчера со голема разлика ја победија екипата на ЖКК „Крива Паланка“ https://t.co/1e7QHmDxrI
5hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Утре дел од Кисела Вода без струја https://t.co/fLuTqfy8lu
16hreplyretweetfavorite