Едукативни работилници за дијабетес на воспитно-згрижувачкиот персонал во градинките, а во насока на што поквалитетно згрижување на дечињата со дијабетес коишто ги посетуваат, се одржуваат изминатите четири дена во објектите во состав на ЈДГ “8-ми Март“.
Во организација на Општина Кисела Вода во соработка со Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија - Баланс МК, едукацијата ја минува целиот воспитно-згрижувачки персонал во градинките.
Процесот на едукација го вршат едукатори (стручни медицински лица) обезбедени во рамки на проектот на “Баланс МК” го вршеа стручни медицински лица, едукатори. Последната од овој циклус работилници се одржува денес, во објектите од ЈДГ “8 Март” во Драчево.