Градоначалникот Филип Темелковски одржа работен состанок со претставници од ОУ „Невена Георгиева - Дуња“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, заедно со секретарот Александар Алексовски и претседателот на Советот на општината, Дарио Шимиќ, во склоп на активностите на ОУ „Невена Георгиева Дуња“, пред реализирање на ЕРАЗМУС + Мобилност, одржаа работен состанок со директорот на истото училиште, Магдалена Влаисавлевиќ, како и со координаториите Александра Цветановска и членови на тимот за евроинтеграција Александар Неделковски и Ирена Христовска.

На состанокот се дискутираше за тековните активности, како и за подготовките за реализација за мобилност на наставен кадар од ОУ „Невена Георгиева Дуња“. Од страна на претставниците од училиштето, беа нагласени и активностите на вработените на е Twinning платформата, формираните блогови, падлети, како и други ИТ можности за вмрежување и размена, се со цел училиштето да биде поинтернационално и да се доближи до различните, успешни образовни национални стратегии.

Воедно, неодамна, како дел од мултиетничките  проекти на ОУ „Невена Георгиева Дуња“, во просториите на Црвениот крст – Даре Џамбаз, учениците заедно со нивните сооученици од ОУ „Емин Дураку“ од селото Буковиќ, Општина Сарај одржаа Мултимедијален перформанс. На истиот присутен беше и градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, како и секретарот на општината Александар Алексовски.

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Нека ни е честит, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј https://t.co/4ROTfI1tyM
O_KiselaVoda Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите https://t.co/cVt6DStw1s
O_KiselaVoda Крводарителска акција во општина Кисела Вода https://t.co/lBcycM1GLY