Во Општина Кисела Вода започна „Балкан куп 2018“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Во Кисела Вода започна „Балкан куп 2018“. На овој балкански турнир кој е под покровителство на градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, а во организација на ФМП Академија, младите кошаркари од Македонија, Србија и Бугарија, од денес па се до недела ќе одиграат повеќе натпревари. Кошаркарите кои се натпреваруваат на овој куп се на возраст до 14 годишна возраст.

Почетокот на „Балкан куп 2018“ беше означен со одигрување на првиот натпревар помеѓу екипите на Балкан и Буба баскет. Во моментов во тек е натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Актавис, додека од  18:00 часот во салата на средното фискултурно училиште силите на теренот ќе ги одмерат екипите на ФМП Академија и Балкан.  Во истата сала вечерва со почеток од 20:00 часот ќе играат и кошаркарите на екипите Пловдив и Актавис.

Покрај ова, љубителите на кошарката утре и задутре ќе имаат можност да проследат уште неколку натпревари.

Истите ќе се одиграат во спортската сала „Независна Македонија“ според следнава програма:

24.03.2018

09:00 ФМП Академија - Буба баскет

11:00 Вардар - Пловдив

15:00 А3 - В3

17:00 А1 - Б2

19:00 А2 - Б1                                                                                               

25.03.2018

09:00 Ќе се игра за трето место

11:00 Финале

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK