По одличниот концерт на групата ДНК во населбата Црниче, културниот бран утревечер (05.07.2013) ќе се пресели во паркот “Македонија”, каде со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржат Петар Ренџов и Тумбао Салса Бенд. Овие добропознати македонски уметници веќе 10 години ја практикуваат кубанската музика, која го симболизира морето, убавата храна, добриот пијалок, кубанските пури и убавите жени.
Музиката која утревечер ќе ја презентираат е микс помеѓу македонската и кубанската традиционална музика.
Влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.