Две училишта од Кисела Вода со награда од проектот “Рециклирање – Kажи Да!”

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Во организација на општина Кисела Вода, друштвото за управување со отпад од пакување ПАКОМАК и Шапаркасе Банка, изминатата учебна година се реализираше голема еколошка акција за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштето, во која беа вклучени сите осум основни училишта на територијата на општината.

Целта на оваа акција беше од најмала возраст да се поттикнуваат децата да го селектираат отпадот и да се придонесе кон создавање на нови еколошки едуцирани генерации, кои активно ќе учат дека со слектирањето на отпадот ја зачувуваме природата и дека тој може повеќе пати да се рециклира и да дава нова вредност.

Акцијата имаше и натпреварувачки карактер помеѓу учениците и училиштата вклучени во оваа акција. Учениците и вработените, во текот на целата учебна година собираа амбалажен отпад од пластика (пластични шишиња), а беа стимулирани со постапката за прогласување на најдобро еколошко училиште, награди и производи за почисто училиште.

Друштвото ПАКОМАК во текот на целата учебна година ги наградуваше најдобрите училишта и паралелки во училиштата (екскурзии, посети, нагледни средства, техничка опрема и течен сапун во училиштата),  а на крајот на учебната 2012/13 година беа свечено доделени награди на најуспешните училишта од три општини во Скопје: Општина Кисела Вода, Општина Карпош и Општина Гази Баба. Како најдобри училишта од Општина Кисела Вода во оваа акција беа прогласени: ОУ “Круме Кепески” и подрачното училиште “Рајко Жинзифов” од Пинтија, кои како награда добија техничка опрема. Ваквата еколошка акција ќе продолжи во следната учебна година.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa