ДЕМАНТ ДО ДНЕВЕН ВЕСНИК “ВЕСТ”

Рејтинг на корисник:  / 2
НајлошоНајдобро 

Во врска со натписот објавен во вашиот дневен весник на ден 05.07.2013 година, со наслов “Тревата е забранета за деца оти ќе има прослава”, Општина Кисела Вода сака децидно да ги демантира тврдењата во текстот, кои имплицираат на ноторни невистини.

Текстот содржи погрешни информации во врска со користењето на паркот “Македонија” од страна на граѓаните заради што, Општина Кисела Вода со резигнација се обраќа до Редакцијата на весникот, на соодветен начин и во пропишана постапка, во следното издание на весникот да го објави следниов демант:

Во паркот “Македонија”, како и во останатите паркови и јавни површини на територијата на општината, никогаш не постоеле забрани, ниту пак ограничувања за граѓаните во општината. Напротив, општината отсекогаш ги охрабрувала граѓаните што почесто да ги користат овие паркови за рекреација и дружење, за што впрочем, општината и ги има изградено. Точно е дека во посочениот период во паркот имало општински служби, кои го подготвувале паркот за културна манифестација, но немало никакви ограничувања за децата, во делот на користење на тревата, туку забрана за стапување во контакт со опремата која била поставувана во овој парк. Причината е многу едноставна, а тоа е безбедноста на самите деца.

Уште еднаш остро ги критикуваме сите тенденциозни намери упатени кон општината Кисела Вода, кои сакаат да ја дискредитираат нејзината работа. Со вакви груби невистини, не само што се создава погрешна перцепција во јавноста, туку и се прекршуваат принципите на професионалното и етичко новинарство.

 

                                                                                                            Општина Кисела Вода   

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa