Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

ООУ ,,Круме Кепески" е новиот шампион во футсал во Oпштина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

ООУ ,,Круме Кепески" е новиот шампион во футсал во Oпштина Кисела Вода. Со победата над ООУ “Партенија Зографски” со резултат 0:2, вчера, завршија фајнл фор натпреварите во футсал на училишните спортски игри во организација на Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода.

Покрај финалната средба, во салата Архиепископ Доситеј, во плеј офот се одиграа и следните натпревари:

ООУ,,Невена Георгиева - Дуња" - ООУ,,Круме Кепески" каде што поуспешна беше екипата на ООУ,,Круме Кепески" со резултат 0:1

Во второто полуфинале играа ООУ,,Кирил Пејчиновиќ"- ООУ,,Партенија Зографски" каде поуспешни беа фудбалерите на ООУ,,Партенија Зографски" со резултат 0:1.

Во малото финале за 3-то место се најдоа екипите на ООУ,,Н.Г. Дуња" и ООУ,,Кирил Пејчиновиќ" каде што поуспешна беше ООУ,,Н.Г.Дуња" со резултат oд 3:2.

Потоа, беа доделени пехарите и медалите на најдобрите 4 екипи од основните училишта на територија на Општината.

1. место ООУ ,,Круме Кепески"

2.место ООУ “Партенија Зографски”

3. место ООУ,,Невена Георгиева-Дуња"

4. место ООУ,,Кирил Пејчиновиќ".

За МВП на натпреварите беше прогласен Андреј Стојковиќ од ООУ,,Круме Кепески.

Денес и утре, во салата Независна Македонија, ќе играат надобрите машки кошаркарски екипи од од основните училишта во Општина Кисела Вода. Победниците од денешните натпревари ќе играат утре во финалето во 13:30, а поразените мечот за трето место ќе го играат во 12:30. Со утрешните натпревари ќе  се финализира и годинешните училишните спортски игри во организација на неодамна возобновениот Општински сојуз за училишен спорт на Општина Кисела Вода.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa