Во недела во спортската сала „Независна Македонија“ со почеток во 10:00 часот ќе се одржи Куп на Македонија - турнир во џиу-џица борби и NE WAZA.
Имено, турнирот е во организација на Клубот за џиу-џица СОКЕ, додека главен покровител на истиот е градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски.
Воедно, на Купот на Македонија во џиу-џица борби и NE WAZA во машка и женска конкуренција ќе се натпреваруваат/учествуваат деца до осум годишна возраст, пионири 9/10/11, постари пионири 12/13/14, кадети 15/16/17 и јуниори 18/19/20.
Влезот за сите посетители е бесплатен.