Лубителите на одбојката денес во спортската сала „Независна Македонија“ ќе имаат можност бесплатно да проследат неколку финални натпревари во женска одбојка.
Имено, натпреварите се играат во рамки на градската одбојкарска лига - Скопје. Во оваа лига се натпреваруваа 30 екипи од 10 скопски одбојкарски клубови и школи, повеќе од 450 млади одбојкарки. Учесничките беа поделени во 5 категории, родени 2001, 2002, 2003, 2004, 2005 и помала возраст. Првиот дел од овие натпреварувања се одигра лига систем, а се завршува со финалните натпревари. Оваа сезона се одиграа 137 натпревари.
Финалните натпревари ќе се играат по следните термини;
11:00 часот категорија 2003 Форца Волеј Ема - Ѓорче Петров
12:00 часот категорија 2005 Бест Волеј - Форца Волеј Ема
13:00 часот категорија 2001 ЈВ Работнички АЈА - Јанта Волеј
14:00 часот категорија 2004 Јанта Волеј - Вардар
15:00 часот категорија 2002 Форца Волеј ЕМА - Јанта Волеј
На крајот најдобрите три екипи од секоја категорија ќе добијат пехар, а останатите учеснички ќе добијат диплома за учество.