Весело и раздвижено беше синоќа на Три круши во селото Драчево.
Во рамките на културното лето на Општина Кисела Вода Три Круши 2018, концерт одржа Бени со Нон Стоп.
Меѓу бројната публика беше и градоначалникот на Општината Филип Темелковски со своето семејство.
До доцна вечерта, заедно со Бени, се пееше и се играше на хитовите По навика, Ај ма пиши ми, Сам, Пушти коси, Be my brother…
Културното лето Три круши 2018 продолжува. Вечерва, на истата локација, Три круши, во селото Драчево, концерт ќе одржат Блага Петреска и Ѓоко Дончев. Почетокот е закажан за 20 часот, а влезот е бесплатен.