Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Општина Кисела Вода доби донација во спортска опрема

Рејтинг на корисник:  / 4
НајлошоНајдобро 

 За успешно развивање на училишниот и рекреативниот спорт, општината Кисела Вода од Агенцијата за млади и спорт денеска доби донација  во спортска опрема. Договорот за соработка помеѓу двете институции за уредување на правата и обврските за движните ствари (спортската опрема), кои се даваат на трајно користење без надомест на Општина Кисела Вода, го потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски.

 

Донацијата е утврдена со одлука на Владата на Република Македонија, согласно која Општина Кисела Вода ќе добие 11 пинг – понг маси, 22 пинг - понг сетови, 30 пинг - понг топчиња, по 55 фудбалски, кошаркарски, ракометарски и одбојкарски топки, и 55 шаховски табли, кои ќе бидат ставени на располагање на учениците од основните училишта во општината.

-“Општина Кисела Вода отсекогаш го имала приматот на “расадник на спортски таленти”, а со оваа донација во спортска опрема, убедена сум дека овој примат дополнително ќе го потврдиме” – истакна градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

Таа се заблагодари на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт за донацијата, која како што рече, ќе придонесе во развојот на училишниот спорт во Општина Кисела Вода. Инаку, од страна на Федерацијата на училиштен спорт, училишниот спорт во Општина Кисела Вода на два наврати е прогласен за најмасовен и најорганизиран училиштен спорт во Македонија.

Беличанец – Алексиќ ја потенцираше успешната соработка со Агенцијата за млади и спорт, а ги напомена и проектите за изградба на две нови спортски сали и ново тениско игралиште, кои во следниот период ќе се реализираат на територијата на општината во соработка со Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт.

-“Оваа спортска опрема, која општината ќе ја предаде во употреба на основните училишта, се надевам дека ќе им помогне на младите таленти за развивање на спортскиот дух и градење на здрави навики преку рекреативните спортски активности” – заврши Беличанец - Алексиќ.

Спортската опрема ќе се дистрибуира во сите осум основни училишта за потребите на училишниот спорт.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa