Општина Кисела Вода се приклучува на глобалната иницијатива за мапирање и чистење Let ’s Do It! World

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните да бидат активни учесници во глобалната акција за мапирање и чистење на диви депонии со отпад.

Целта на акцијата е да се оформи мапа на која ќе бидат обележани локациите на дивите, нелегални депонии на отпад, и истите да се исчистат.

Заинтересираните граѓани, првата фаза, лоцирањето / мапирањето, можат да го направат до средина на август преку апликацијата на следниот линк:  https://www.worldcleanupday.org/map-it/ 

Во втората фаза, граѓаните може да се вклучат на 15 септември 2018 година, кога општината за првпат ќе се приклучи на најголемата глобална акција за расчистување на отпад / диви депонии, настан инициран од движењето Let ’s Do it! World. Имено, Let ’s Do it! World е најбрзо растечко движење во светот кое од 2008 година им помага на владите, општините и компаниите да го исчистат отпадот во своите земји.

Во нашата држава, акцијата за расчистување на отпадот, се спроведува во организација на здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН од Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

ЛОЦИРАЈТЕ ГО И ИСЧИСТЕТЕ ГО ОТПАДОТ !

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Утре ул. Киро Фетак без струја https://t.co/s3wvNho8nX
O_KiselaVoda Во Кисела Вода се одржа Мултимедијален хепенинг на отворен простор https://t.co/5B8VQFyBaA
O_KiselaVoda Награди за најдобрите ученици, спортисти и просветни работници во училиштата и градинките https://t.co/kP5Y15ZpqK