По информација добиена од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, Општина Кисела Вода ги известува своите жители дека поради реконструкција на водоводна линија ф700 која ќе се изведува кај новиот кружни тек меѓу ул. Христо Татарчев и бул.Србија (последна 24-ка) на ден 10.08.2018 година (петок), без вода за пиење од 20 часот до завршување на работата ќе останат Припор и дел од Кисела Вода, на ул. Христо Татарчев крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. Борис Трајковски и дел од бул. Србија (од новиот кружен тек до бул. Борис Трајковски).
Согласно планираното, ЈП Водовод и канализација, известува дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило во периодот од 08 до 14 часот наредниот ден 11.08.2018 година (сабота). Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП Водовод и канализација – Скопје за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода.