НВО „Зелен институт“ одржа јавна дебата во Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денес во просториите на Општина Кисела Вода во организација на НВО „Зелен институт“ се одржа јавна дебата на тема: План за комуникација и кампања против диво депонирање на отпад.

На оваа дебата која беше поддржана од страна на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, граѓани, претставници од државни институции, како и членови од невладините организации и здруженија имаа можност пред градоначалникот да даваат предлози и идеи за изнаоѓање на решенија за проблемот со отпадот/дивите депонии на територијата на општината. Присутни на дебата беа и вработени во општината.

Градоначалникот Темелковски во своето обраќање до јавноста информираше за тоа како општината се справува со дивите депонии, како и за мерките кои се преземаат за спречување на создавањето на депонии. Темелковски нагласи дека заедно со граѓаните, граѓанските здруженија и невладините организации општината ќе работи за изнаоѓање на решение за овој проблем. Градоначалникот Темелковски најави дека Општина Кисела Вода на местата каде што постојат депонии ќе се засадат садници. Покрај ова, градоначалникот информира дека на почетокот на месец октомври на територијата на Општина Кисела Вода ќе се засадат 2000 садници/дрвца.

Пред присутните свое обраќање имаше и Наташа Амдиу, претседател на НВО „Зелен институт“ која говореше за Причините за создавање и препораки за санирање на дивите депонии. Амдиу нагласи дека нивната цел е да се мапираат повеќе диви депонии, да се дискутира со граѓаните и да се слушнат нивните предлози за изнаоѓање на решение на проблемот со дивите депонии.

Покрај ова, на оваа дебата се обрати и Христина Оџаклиеска, член на Советот на Општина Кисела Вода. 

На крајот, сите присутни на дебатата се согласија дека во иднина треба заеднички, активно да се работи за подигнување на јавната свест кај граѓаните, се со цел за подобрување на животната средина.

Овој настан покрај поддршката од локалната самоуправа беше поддржан и од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Жителите на Кисела Вода ќе имаат можност да се едуцираат како да добијат бесплатна правна помош https://t.co/ZutlIdKsF0
O_KiselaVoda Светскиот ден на децата одбележан во Кисела Вода #WorldChildrensDay #UnitedNations https://t.co/bxWbCH02Fc
O_KiselaVoda Градоначалникот Филип Темелковски изврши увид во градежните зафати за санација на патот кој води кон Теферич https://t.co/5ra6rTY8Bj